Најдобрите места за работење на интернет

Најдобрите места за работење на интернет

Подготвил: Драгана Петрушевска

Светот добива илјадници нови хонорарци секој ден. Со напредокот на технологијата, станува сè полесно да се работи самостојно, од домот, користејќи го само компјутерот. Моментално има многу извори на интернет за таканаречените „фриленсери“ од секој тип. Во продолжение ѕирнете ги најпопуларните.


Огласникот на „Mashable“ - најдете места за работа во областа на технологијата со полно или половина работно време, како и места за работа од дома.

„Indeed“ - огласник кој објавува секакви работни места за луѓе од целиот свет.

„Elance“ - овде може да најдете многу работни места, иако најмногу шанси има за авторите, дизајнерите, програмерите и маркетинг експертите.

„oDesk“ - слично како и претходниот сервис, овде ќе најдете многу работни огласи кои се плаќаат по час.

„Skillbridge“ - слично како претходните две, овде може да најдете задачи, но потребно е поголемо искуство.

Огласникот на „Problogger“ - нуди огласи за работа на интернет, најчесто за автори и новинари.

„Freelance writing“ - најдете работа за пишување на интернет и аплицирајте за работа во списанија.

„Css tricks“ - огласник наменет за програмерите и графичките дизајнери.