Неделна временска прогноза: Времето во Македонија до крајот на работната недела

Неделна временска прогноза: Времето во Македонија до крајот на работната недела



Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Понекаде ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч.

Температурите во опаѓање, па утринските ќе се спуштат до 6 односно до 17 степени, а максималните ќе достигнат до 13 односно до 23 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.

Во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне во крајните југозападни предели нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 13 до 23 степени. Во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а максималните температури ќе достигнат до 14 однсно до 24 степени.

И во четврток и петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито време. Утринските температури од 4 до 13 степени, а максималните дневни до 16 односно до 26 степени.

Weather4all.com.mk