Оглас за вработување во Агенцијата за електронски комуникации
Врз основа на член 19 став (1) алинеа 5 и член 22 од Законот за електронските комуникации (Службен весник на Република Македонија број 39/2014, 188/2014 и 44/2015) и член 18 од Статутот на Агенцијата за електронски комуникации, a во согласност со Одлуката за спроведување на јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за електронски комуникации број 1 10220/3 од 25. 09. 2015 година донесена од страна на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за електронски комуникации објавува:
Јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за електронски комуникациии
Условите што треба да ги исполнува кандидатот за да може да биде именуван за директор на Агенцијата за електронски комуникации се следните:
- Да биде државјанин на Република Македонија,
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му биде изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Една година пред денот на објавување на јавниот конкурс да не биде вработен кај оператор,
- Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на електротехничките науки, информатиката, правото или економијата,
- Да има најмапку 5 години соодветно работно искуство во областа на електронските комуникации,
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ- најмапку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS)- најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal)- најмапку Б2 (V2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First)- положен, БУЛАТС (BULATS)- најмапку 60 бода, АПТИС (APTIS)- најмалку Б2 (В2) ниво.
- Да има положено психолошки тест и тест за интегритет,
- Да лоседува сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
II Потребни документи што се доставуваат со пријавата по јавниот конкурс се следните:- Потврда за државјанство издадена од надлежен орган на РМ (не постаро од 6 месеци),- Потврда од надлежен орган на РМ за неизречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци),- Диплома од виско образовна институција или Уверение за положени испити и стекнати најмапку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на електротехничките науки, информатиката, правото или економијата,- Кратка биографија (CV) во која е објаснето соодветното претходно работно искуство во областа на електронските комуникации и претходните вработуважа со потврди од работодавачот,- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години: ТОЕФЕЛ ИБТ- најмапку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS)- најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) L|ambridge English: Legal)- најмалку Б2 (V2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First)- положен, БУЛАТС (BULATS)- најмапку 60 бода, АПТИС (APTIS)- најмалку Б2 (V2) ниво.- Потврда од надлежен орган за положен психолошки тест и тест на интегритет (не постара од 6 месеци),- Сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
III (1 Рокот за доставување на пријави со потребните документи е триесет (30) работни дена од денот на објавување на огласот. (2) Со пријавените кандидати што ги исполнуваат условите и кои што имаат доставено навремена и комплетна документација, ќе биде извршено интервЈу, во рок од седум работни дена од последниот ден на рокот определен за доставување на пријави во претходниот став.
IV Јавниот оглас се објавува во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмапку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Кандидатите се должни пријавата со потребната документација да ја достават по пошта или лично во архивата на Агенцијата за електронски комуникации на следната адреса: Агенција за електронски комуникации Со назнака за јавен оглас бр. 1 10220/8 Кеј „Димитар Влахов" број 21, 1000 Скопје, Република Македонија Агенција за електронски комуникации