Временска прогноза за периодот што следува

Временска прогноза за периодот што следува

Во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигна брзина и до 30 км/ч. Утрата ќе бидат постудени со утрински температури од 5 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 13 односно до 23 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Тмурното време со повремени сончеви периоди но и пониски температури ќе продолжи во среда и четврток. Утринските температури од 5 до 15 степени, а макисмалните дневни ќе достигнат до 14 односно до 24 степени. Разведрување се очекува од петок, па во петок и сабота по студените утра во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Утринските температури од 3 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе движат од 17 до 25 степени во петок, односно до 18 односно до 26 степени во сабота.

Weather4all.com.mk