Месечната наставничка плата во земјава колку неделната келнерска во Австрија

Месечната наставничка плата во земјава колку неделната келнерска во Австрија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Највисоката бруто-плата што ја добива еден наставник со полн фонд часови во Македонија изнесува 7.473 евра на годишно ниво, односно приближно 600 евра месечно. Најмалата бруто-плата на наставник во земјава изнесува 5.215 евра, односно приближно 400 евра месечно. Во Хрватска, наставничките плати изнесуваат 650-700 евра месечно.


Ова стана жешка тема низ хрватските медиуми неделава поради исповед на една девојка од Хрватска која се преселила во Австрија. Таа има магистерска диплома и е професор по хрватски и англиски јазик. Таа го одбрала својот факултет поради љубовта кон професијата, но оваа љубов згаснала откако започнала да работи.

- Додека хрватскиот јазик се менува како што се менува и владата, никој не ги прашува наставниците како ќе им објаснат на своите ученици зошто лани едниот термин бил толен, а оваа година друг е точен (или двата се точни). - пишува таа.

Таа дознала дека докторските студии во Австрија се евтини и заминала таму. За време на студиите таму имала стан со сопствена соба и две цимерки. Секоја плаќала станарина и сметки од приближно 200 евра. Сега живее сама во еднособен стан и плаќа приближно 350 евра. Факултетот ѝ е блиску до местото кадешто живее.

Првиот ден кога отишла во кафулето во близина на факултетот се запознала со келнерка од Германија која студира на истиот факултет. Таа ѝ кажала за износот на просечната плата на еден наставник во Хрватска.

Споредувајќи ги платите, познаничката ѝ кажала дека за таа работа неделно заработува приближно 500 евра.