Прогноза за времето во Македонија за наредните 5 (пет) дена

Прогноза за времето во Македонија за наредните 5 (пет) дена


 
Во среда во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. По студеното утро со утрински температури од 5 до 15 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Повеќе сончеви периоди се очекуваат во крајните западни и југозападните предели. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен и источен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна ќе достигне до 19 степени.

Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Утринските температури од 5 до 14 степени, а максималните дневни од 15 до 25 степени. Постудено утро не очекува во петок и сабота кога утринските температури ќе се спуштат до 4 односно до 13 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и топло со максимални температури од 16 до 26 степени во петок, односно од 18 до 28 степени во сабота.

Вториот ден од викендот ќе го поминеме во сончево и потопло време. Утринските температури од 6 до 15 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk