Првиот балкански научно-фантастичен филм

Првиот балкански научно-фантастичен филм

Подготвил: Драгана Петрушевска

Наскоро, во сите кина... 

Првиот босанско-херцеговски научно-фантастичен филм 

Конкурс на неодредено 

Во главните улоги:

Млад човек кој поседува 27 докторати и трочлена комисија која завршила средно образование во „оној“ систем...

За пријава на конкурсот, овој инспириран млад човек мора да го достави следното:

Заверена копија на тутанкамоновиот отпечаток од прст, две свежи санти мраз од врвот на Монт Еверест, 1 кг ѕвездена прашина, селфи со чудовиштето од Лок Нес, печат од судски преведувач за клингонски јазик, прамен од косата на Гандалф додека бил Гандалф Сивиот и секако, да ги собере сите 7 змејски топки.

Сè наведено мора да биде заверено во травничката општина, кадешто заверките се бесплатни доколку имате: 96 години работен стаж во јапонска нуклеарна електрана или сте директен потомок на Нил Армстронг.

Интервјуто ќе се спроведе на паралелен универзум на планета од М-класа (за точната локација кандидатите ќе бидат известени).

Конкурсот останува отворен 8 минути од моментот на објавувањето.

Во кои весници ќе биде објавен конкурсот, дознајте следното лето.