Ќе се менува екстерното тестирање!

Ќе се менува екстерното тестирање!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми во интервју за 24 Вести го повика Студентскио пленум да се врати во преговорите за изработка на новиот закон за високо образование.

 

ademi


„Ги повикувам да се вратат во работните групи за да утврдиме конечно концепт на закон, за нов закон и евентуално да утврдиме и текст на закон за високо образование“, изјави Адеми.

Во врска со екстерното тестирање, кое долго време беше критикувано, тој признава дека има одредени слабости, и повика во процесот да се вклучат сите засегнати страни за да се утврди нов, конечен модел, прифатлив за сите.

„Ние сега ги тргнавме казните за наставниците, а останаа само наградите за наставниците. Меѓутоа, има реакција од учениците зошто оценката од екстерното треба да влезе во конечниот просек во успехот. Можеби имаат право кога реагираат, но мораме да најдеме начин  да ги повлечеме да влезат во овој процес, во смисла да добиваат поголеми поени ако сакаат да се запишат во повисоко образование“, изјави Адеми.

За потсетување, Студентскиот пленум во мај ги напушти работните групи со МОН, нагласувајќи дека нема да преговара со нелегитимна влада. Од Студентскиот пленум изјавија дека би било лицемерно да продолжат со соработката со институцијата која се однесуваше брутално со средношколците и не покажа никаква соработка. Затоа тие се одлучија за бојкот на одлуките на работните групи за високо образование.

Исто така, пред неколку денови Студентскиот пленум до Бирото за развој на образованието и до МОН поднесе две барања - целосно укинување на екстерното и нов модел на државна матура.