Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Врз основа на член 31 од Статутот на Јавното претпријатие Улици и патиштаСкопје, Одлука бр. 024425/1 од 30. 09. 201 5 година за потреба од работници за засновање на работен однос, Правилникот за систематизација на работни места во претпријатието и член 22 и 23 од Законот за работни односи, директорот распишува

ЈАВЕН ОГЛАС


Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со работници за следните работни места,

A. 3 (три) работника за работно место -Возач на ТТ возило(тешко товарно возило) со завршено средно образовани III/IV степен, возачка дозвола „Ц" и. „Е" категорија и најмалку 3 години работно искуство во струката. Основна плата за работното место е 18. 166, 00 денари.

Б. 3 (три) работника на работно местоРакувач на градежни машини од кои- 2 (два)работника на работно местоРакувач на тешки градежни машини (ракувач на скип, утоваривач или багер) со завршено средно стручно образование ракувач на градежни машини и најмалку 3 години работно искуство во струката- 1 (еден) работникРакувач на средни градежни машини (ракувач на планер за асфалт (гребалка), комбиниран ваљак или ваљак) со завршено средно стручно образование ракувач на градежни машини без работно искуство Основна плата за работното место е 17. 547, 00 денари.

B. 17 (седумнаесет) работника на работно место НК Работник Со завршено основно образование со или без работно искуство. Основна плата за работното место е 1 2. 495, 00 денари.

Г. 1 (еден) работник на работно местоОператор Со завршено ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС/дипломиран, Сообраќаен инженернасока патен сообраќај и транспорт најмапку 1 (една) година работно искуство во струката; познавање на хардверски и софтверски компоненти на системите за управување со сообраќајот; експертиза во евалуација на грешки/нефункционирање на соодветна интерпретација на примени барања; познавање на техники и процедури за забележување и архивирање на барања и извештаи. мониторирање на статусот на барањата и менаџирање на известувањата; познавања на достапните ресурси за далечински мониторирање на системски статус; добро познавање на припрема на извештаи, анализи и статистики; познавање на англиски јазик или друг странски јазик; работа со компјутер; способност за тимска работа, способност за решавање на конфликти. Основна плата за работното место е 23. 981 ,00 денари

Д. 2 (два)работника на работно место- Градежен инженер Со завршено BCC/VII/1 или стекнато 240 кредити според ЕКТС/ Г радежен факултет, дипломиран градежен инженернискоградба, најмапку пет години работно искуство во струката, искуство во планирање и активно познавање на работа со компјутер. Основна плата за работното место е 26. 873, 00 денари.

- Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа;- Дневното работно време за сите позиции (освен позиција Г) трае 8 часа и започнува од 07:00 a завршува во 15:00 часот,- за позиција Г работата се извршува во три смени (прва, втора и трета).

Сите кандидати треба да ги достават следните документи- Пријава со кратка биографија (CV)- Копија од лична карта- Доказ за завршено соодветно образование- Доказ за работно искуство во струката- Доказ за познавање на работа со компјутер- За позиција Г доказ за познавање на англиски јазик и сертификати од завршени курсеви и обуки. Заинтересираните кандидати, пријавата заедно со доказите за исполнување на посебните услови по овој оглас можат да ги достават во рок од 5(пет) дена од денот на објавувањето на огласот, (не сметајќи го денот на објавата) непосредно до архивата на Јавно претпријатие Улици и патиштаСкопје ул Коле Неделковски бр. 38, 1000 Скопје или по пошта, тел. за контакт 02/ 3162 317, лице за контакт Марина Давчевска.

Јавното претпријатие Улици и патиштаСкопје, изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесетипет) работни дена, по истекот на рокот за пријавување, a доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ке се изврши согласно законски утврдените рокови. Некомплетни и неблаговремено поднесени молби нема да се разгледуваат. ЈП Улици и патиштаСкопје