2.000 долари за најдобрата идеја

2.000 долари за најдобрата идеја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Најдобриот труд за придонес на вештачката интелигенција во бизнисот може да добие стипендија од 2.000 американски долари.

 

 идеја


Конкурсот за оваа стипендија е наменет за студентите од целиот свет, а стипендијата е обезбедена од Ideapod форумот и ADC форумот.

За да аплицирате за оваа стипендија, потребно е во вашиот труд да го користите хаштагот #futureofwork и да одговорите на прашањето: На кој начин вештачката интелигенција може да придонесе за бизнисот?

На конкурсот може да учествуваат:

- Студенти од додипломски и постдипломски студии од акредитиран универзитет од каде било низ светот

- Студенти чијшто труд го содржи хаштагот #futureofwork

Стипендијата од 2.000 американски долари за најдобриот труд на оваа тема има за цел да ги поттикне младите да размислуваат на темата за вештачката интелигенција за која доста се зборува во последно време, и претставува една од највозбудливите области на технологијата денес.

Повеќе детали за конкурсот, стипендијата и начинот на аплицирање, можете да пронајдете ТУКА.