АрцелорМиттал објавува оглас за платена пракса

АрцелорМиттал објавува оглас за платена пракса

АрцелорМиттал Скопје е водечки светски производител на челик. Поседува објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји, што го прави лидер на сите главни пазари за челик.

АрцелорМиттал ЦРМ Скопјее еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди можност за спроведување на 3 месечна практикантска работа во одделите за:

-    Производство – Електро одржување  (Електро-технички Факултет – ЕАОИЕ; КСИАР; КХИЕ)
-    Односи со клиенти – Припрема (Машински Факултет)
-    Здравје и Безбедност -  (Машински, Технолошки или Хемиски Факултет)
-    Човечки ресурси – (Менаџмент на човечки ресурси или сродни науки)
-    Администрација – Преведувач (Филолошки Факултет – Англиски Јазик)

Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) кои имаат одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини (Word, Excel, Power Point), се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV  на HR.Skopje@arcelormittal.com , со назнака за кој Оддел аплицирате.

Краен рок за аплицирање 12 Октомври 2015.