Y-PEER Македонија објавува повик

Y-PEER Македонија објавува повик

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 17 млади луѓе кои ќе учествуваат на интерактивен , еднодневен настан во четврток (8-ми октомври) во просториите на Мисијата на Обединетите Нации*




Настанот ќе се состои од неколку дела:
– Работилница за Целите за одржлив развој  и #млади2015 (10:00-10:45)
– Снимање на кратко видео и фотографирање со 17-те Цели за одржлив развој (11:00-12:00ч);
– Поддршка за прес конференција** (12:30-13:00).

Настанот се организира во рамки на кампањата „Youth Voices“ која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“, од страна на младинската мрежа Y-PEER. Настанот е завршна активност и претставува славење на младинските успеси од проектот, но и јавен повик за сите интитуции и млади луѓе да се запознаат со развојната агенда, зацртаните цели за нејзино достигнување и следните можни чекори и активности.

Кој може да се пријави?
Секој млад човек кој е заинтересиран за еднодневна дружба, промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, ООН, младинско учество во развојна агенда, расположен за креативни фотки и снимање на кул видео.

Како и до кога е пријавувањето?
Пријавувањето е  на следниов линк , надоцна до вторник на полноќ (6-ти октомври,23:59:))

Освен добри 17 причини за присуство, не гледаме зошто не би се пријавил/а да бидеш и ти дел од младинското одбележување на историскиот самит на ОН на наш терен, во Македонија. Се гледаме:)


* Локацијата се наоѓа на следниот линк.(Блиску до Градскиот Парк). Присуството ќе биде овозможено само за пријавените учесници, кои со себе ќе мора да понесат документ за идентификација (поради правила за влез во објектот)

** Прес конференцијата ќе се одржи на друга локација и ќе има, исто така, интересен формат: можност за дружба со сите соработници, поддржувачи на Y-PEER и учесници во „Идеите ги споделувам гласно“.