Апликација која може да ви го уништи животот

Апликација која може да ви го уништи животот

Подготвил: Тамара Гроздановски

апп

 

Ако некогаш сте му згрешиле некому - пријател/колега/познаник, тогаш оваа апликација за вашиот рејтинг може да биде вашиот најголем кошмар кој би можел да ви го уништи животот.


Апликацијата создадена од две најдобри другарки за само 90 дена, е опишана како „позитивна апликација за позитивни луѓе која ви овозможува да ги оцените и процените луѓето во овие категории: професионално, лично и во врска“.

„Со приклучување на нашата апликација можете да им дадете рејтинг на луѓето кои ги знаете, а и вие самите да бидете проценети“.

forthepeeple.com тврди дека коментарите од луѓето кои ги познавате ќе ви помогне во поврзувањето со нив, како и во разговорите со нив, а исто така има и можност да пребарувате други луѓи за да донесете подобри одлуки.

Сепак, голем дел од луѓето, на Твитер и на другите социјални мрежи велат дека апликацијата не е ништо друго туку средство за вознемирување, исмејување и малтретирање на луѓето.

Веб страната вели дека нејзините членови треба да ја гледаат апликацијата на ист начин како Твитер, Фејсбук и Линкдин. Апликацијата веќе започна да се купува во Силиконската долина од капиталистите и други потенцијални инвеститори.

„Луѓето прават голем број истражувања кога купуваат автомобил или кога донесуваат одлука. Зошто да не биде исто и со другите аспекти од вашиот живот?“, вели Џулија Кордреј, основач на апликацијата.

Една од пожалибте на Твитер и на другите социјални мрежи е фактот што не можете да се отстраните себеси од Peeple - вашиот профил може да го додаде некој друг, а не можат да се избришат ниту коментарите за вас (но некој може да пишува за вас ако тој/таа го има вашиот мобилен телефон, доколку тоа е некоја утеха).

„Оние кои се мачат да ве оценат на Peeple најверојатно се оние кои имаат доста силно мислење за вас, односно или ве мразат или се луѓе со кои сте имале лош однос/романтична врска“, велат корисниците на социјалните мрежи.

„Се прашувам колку време ќе помине пред да слушниме за самоубиства предизвикани од оваа апликација?“, вели друг корисник.