Оглас за вработување во Икс Софт

Оглас за вработување во Икс Софт

Икс Софт (www.xsoft.mk) е софтверска компанија со повеќегодишно искуство и силна експертиза во развојот на веб-ориентирани софтверски решенија, како и софтвер развиен според потребите на клиентите.

Нашите услуги вклучуваат изработка на професионален веб-софтвер и тоа од основни веб-сајтови, веб-апликации со бази на податоци, CMS и е-commerce до комплицирани софтверски решенија и системи како што се веб решенија за мобилни оператори.

Како компанија, постојано сме во тек со најновите стандарди во ИТ-технологиите и градиме долгорочни врски со нашите клиенти.

Следејќи ја својата агенда за активен настап на Македонскиот пазар со нашата нова услуга, Вебстриан (www.webstrian.mk), xSoft (www.xsoft.mk/) има потреба од проширување на тимот.

Во таа насока потребен е нов практикант, кој ќе работи на задачи поврзани со нашата Вебстриан платформа.

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.

Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Потребни квалификации:
- Основни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML5, Java Script, CSS3,jQuery;
- Основни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server 2008/2012;
- Англиски јазик


Опис на работно место:
- Организирана работа во тим;
- Front-end девелопмент (HTML5, CSS3, Java Script)
- Развој и поставување на веб-сајтови на Вебстриан платформата
- Комуникација со клиенти;

Сите заинтересирани можат да ги достават своите CV-ија на xsoft@xsoft.mk.