Оглас за вработување во Министерство за труд и социјална политика

Оглас за вработување во Министерство за труд и социјална политика

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на еден (1) извршител на определно време

Министерство за труд и социјална политика во врска со член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија, бр. 27/2014 и 199/2014) објавува:

Министерство за труд и социјална политика има потреба од вработување на определено време на еден (1) извршител за период одЗ месеци (до 31. 12. 2015) на работно место: 1. Помлад референт- Доставувач (1) еден извршител, лоцирано во Охрид, во Управата за прашања на борци и воени инвалиди, орган во состав на министерството за труд и со цијална политика

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:- Завршено Г имназиско образование или Средно стручно образование (архитектонски смер, прехрамбен смер) без работно искуство- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- Плата: 13, 161. 00 ден.- Неделно работно време: од понеделник до петок- Работни часови во неделата: 40, работно време: од 08:30h до 16:30h

Заинтересираните кандидатите треба да достават Пријава, со прилог потребна документација, оригинап или заверена на нотар:- Кратка биографија- Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место- Потврда за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- Уверение за државјанство Рокот за доставување на пријавата е пет (5) дена сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Пријавата со потребната документација, кандидатите треба да ја достават на следната адреса: Министерство за труд и социјална политика Одцеление за управување со човечки ресурси Ул. Даме Груев бр 14 (со назнака „за јавен оглас, Скопје Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана. Министерство за труд и социјална политика