Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:
РЕФЕРЕНТ ЗА ОПСЛУЖУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА
ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
ССС/ВСС
Најмалку 2 години искуство во иста или слична област;
Пожелно познавање на областа на продажба на финансиски продукти и услуги;
Напредно познавање на MS Office и Internet;
Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална;
Систематичност, организираност и иницијативност;
Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање на решенија.
Одговорности и работни задачи:
Промоција на потрошувачките кредити;
Прием на апликации за кредитирање и нивно системско процесирање;
Осигурување на подмирувањето на сите трошоци поврзани со процесот на апликација за кредити;
Склучување на договори за одобрените кредити на клиентите од програмата за лојалност и осигурување на валидноста на сите потписи и штембили како и за исполнување на сите законски услови на поднесените апликации;
Спроведување на апликациите за кредит и придружните документи во согласност со компаниските процедури;
Одговорен за исполнувањето на законските барања кои се однесуваат на заштита на потрошувачите во продажното место (цени на производи за потрошувачки кредити, промоција на потрошувачки кредити и други правни барања);
Прием и авторизација на картичките за лојалност;
Одговарање на прашањата поставени од клиентите поврзани со програмата за лојалност и финансирање и во врска со состојбата на кредитните партии;
Промоција на врзана продажба и услуги (cross-sell) кон клиентите од програмата за лојалност;
Идентификација и предвидување на потребите од нови производи и услуги на клиентите од програмата за лојалност;
Комуникација со седиштето на фирмата/дирекцијата во врска со одобрување на поднесените апликации за кредит и одговара на барањата од соодветните сектори во рамките на Друштвото.
Што нудиме?
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
Континуирана обука и можност за напредување;
Платена пробна работа во времетраење од 1 месец;
Месечна нето плата во износ од 15.500 денари;
Можност за остварување на бонус по учинок во продажбата;
Работa во смени од понеделник – сабота;
Неделното работно време е 40 часа.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за Референт за опслужување на корисниците на програмата за лојалност – Скопје“.
Огласот е активен до 15.10.2015 година.
Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
ПРОДАВАЧ
Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
ССС;
Поседување на вештини за продажба;
Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност;
Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;
Поседување на возачка дозвола за Б категорија;
Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност.
Одговорности и работни задачи:
Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
Работа со документи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;
Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон.
Што нудиме?
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
Континуирана обука и можност за напредување;
Платена пробна работа во времетраење од 1 месец;
Почетна основна нето плата во износ од 14.000 денари со можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
Работа во смени, понеделник - сабота (09:00h-15:00h/15:00h-21:00h).
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за продавач во Скопје”.
Огласот е активен до 15.10.2015 година
Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.