Платена пракса во

Платена пракса во "European schoolnet", Брисел


„European schoolnet“ е мрежа од 30 европски министерства за образование сместена во Брисел, Белгија. Тоа е непрофитна организација. Моментално е отворен повикот за практиканти од цела Европа.

Практикантите ќе уредуваат статии и извештаи, ќе помагаат во административната работа, ќе организираат настани итн. Кандидатите треба да имаат добар говорен и пишан англиски јазик, магистерска диплома во образование или научна област, познавање на компјутери, искуство во пишување статии и извештаи. Праксата трае 6 месеци и практикантите добиваат 1.000 евра месечно во тој период.

Официјален повик.