Револуционерниот производ на една студентка

Револуционерниот производ на една студентка

Подготвил: Тамара Гроздановски

научник 

 

Хадил Ајоуб, студентка на Универзитетот во Лондон, создаде неверојатно паметна ракавица која може да го преведе знаковниот јазик во пишани или изговорени зборови.


Ракавицата тоа го прави додека истовремено тој што ја носи го зборува знаковниот јазик на тој начин што ракавицата го пренесува нејзиното толкување на движењата на рацете до процесор кој потоа го прикажува целосниот текст на екран.

Ракавицата исто така може и да го прочита преводот, такашто слушателот веднаш ќе може да разбере што лицето вели. Оваа напредна функција може да им овозможи на слепите луѓе да ги „слушаат“ немите луѓе кои го зборуваат знаковниот јазик.

Младата Хадил моментално работи на друга верзија на ракавицата која преку Wi-Fi може да ги пренесува информациите на апликација за паметни телефони. Откако ракавицата ќе биде објавена за пошироката јавност, глувите луѓе ќе можат да зборуваат на телефон. Хадил вели дека би сакала ракавицата да преведува на неколку јазици истовремено. Создавањето на малечка ракавица за децата е нејзиниот следен предизвик.