Целосни стипендии за универзитетот "Ghent", Белгија
Се објавува повик за пријавување за три целосни докторски студии на европски периодични студии за период од најмногу четири години на одделот за литературни студии на универзитетот „Гент“ во Белгија.
Успешните кандидати ќе бидат дел од проектот „Agents of change: women editors and socio-cultural transformation in Europe, 1710-1920“. Идеалните кандидати имаат магистерска диплома во област како книжевност, компаративна книжевност или историја, одлично знаење на најмалку два европски јазици, знаење на англизки јазик и добри академски оцени.
Пријавувањето трае до 31 октомври.
Официјален повик.