Доделена е Нобеловата награда за физика... Ова се наградените научници

Доделена е Нобеловата награда за физика... Ова се наградените научници

Подготвил: Тамара Гроздановски

Јапонскиот научник Такааки Каџита и неговиот канадски колега Артур Мекдоналд се добитници на овогодинешната Нобелова награда за физика за откривањето на неутрино осцилациите.

 

нобелова



„Откривањето го промени нашето сфаќање за материјата и може да биде клучно за сфаќање на универзумот“, се вели во соопштението. „Артур Мекдоналд и Такааки Каџита ја решија загатката со неутрините со кои научниците се бореа со децении“.

Неутрините се честички што летаат низ вселената речиси со брзина на светлината. Тие се формираат или се ослободуваат при нуклеарни реакции во сонцето или ѕвездите или во нуклеарните централи.

56 годишниот каџита е директор на Институтот за истражување на вселенските зраци и професор на Универзитетот во Токио, додека Мекдонланд има 72 години и е професор на Универзитетот во Кингстон, Канада. Тие двајца ќе поделат 8 милиони шведски круни.