Нова грозница го тресе светот, а не е златна

Нова грозница го тресе светот, а не е златна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Побарувачката за литиум батерии постојано расте, а мултинационалните компании се борат околу правата за експлоатација на овој метал во Аргентина.

 

литиум


Во оваа земја, заедно со Боливија и Чиле, се наоѓаат 70% од светските резервари на литиум.

Експлоатацијата на литиум не е дозволена во Боливија поради противењето на локалното население од Салар де Ујуни додека Чиле повеќе не издава дозволи за нови отстапки.

„Аргентина во провинциите Катамарка, Слат и Ујуни има огромно количество на највисок квалитет на литиум во светот“, изјави аргентинскиот министер за рударство Хорге  Мајорал.

„Аргентина лежи на 128 милиони тони потенцијален литиум карбонат, витален елемент за производство на батерии“, додаде министерот.

Во планинскиот регион Пуна, во подножјето на Андите, лежи пустина од сол од која се добива литиум, гаранција за долготрајна батерија. Во 2015 година, светската побарувачка за литум беше 170.000 тони литиум карбонат.

Голем број на американски, јапонски и јужнокорејски компании веќе инвестираат во производството на литиум во Аргентина.

„Не планираме да ја одобриме секоја потенцијална инвестиција. Сите можни производители на автомобили сакаат да навлезат во аргентинскиот пазар“, вели Мајорал.

Јапонските компании Toshiba и Mitsubishi како и јужнокорејската компанија Posco започнаа со производство на литиум во провинцијата Хуха на границата со Чиле и Боливија.

Француската групација Eramet открила огромно наоѓалиште на повеќе од 7 милиони тони литиум карбонат, на границата меѓу Аргентина, Боливија и Чиле, во провинцијата Салта.

Проектот се`уште не е влезен во фаза на производство, а проценките се дека експлоатацијата на ова наоѓалиште ќе трае подолго од 40 години, а француската компанија ќе вложи 260 милион долари.

Се очекува дека на наоѓалиштето Санта Роса Гранде годишното производство до 2019 година ќе биде околу 20.000 тони литиум карбонат.