Стипендии за студирање во Австралија

Стипендии за студирање во Австралија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Зошто би сакале да студирате во Австралија? - Дали сте знаете дека Австралија е трета земја по ред со најголем број странски студенти, после Америка и Велика Британија и покрај тоа што нејзиното население е само 23 милиони жители? Ова не е толку изненадувачки кога ќе земете во предвид дека во Австралија се наоѓаат 7 од првите 100 универзитети во светот.

 

студирање


Исто така, во Австралија се наоѓаат 5 градови од најдобрите 30 во светот за студентите врз основа на достапноста, квалитетот на живеење, и активноста на работодавецот.

Ви нудиме неколку корисни линкови за стипендии кои на студентите ќе им овозможат студирање во Австралија.

Австралиски стипендии за наградување


Австралија доделува стипендии за долгорочни награди админстрирани од Министерството за надворешни работи и трговија. Нивната цел е да придонесат во потребите за долгорочен развој на земјите партнери на Австралија во согласност со билатералните и регионалните договори. Тие обезбедуваат можности за луѓето од земјите во развој особено во Индо-Пацифичкиот регион.

Официјална веб страна


Меѓународни стипендии за постдипломско истражување (IPRS)

Овие стипендии им овозможуваат на меѓународните студенти да студираат на магистерски студии во Австралија и да добијат искуство преку водечките австралиски научници. Стипендиите се отворени за странски студенти од сите земји (освен Нов Зеланд) и се достапни за период од две години за истражување на магистерски и три години за докторски науки. Стипендијата ги покрива трошоците за школарина и трошоците за здравствено осигурување на стипендистите и за нивните семејства.

Официјална веб страна

Ендевор стипендии за постдипломски студии


Овие стипендии се меѓународно конкурентни, засновани на заслуги и обезбедени од Владата на Австралија која ги поддржува граѓаните од целиот свет кои сакаат да студираат, истражуваат и професионално да се развиваат во Австралија.

 

Официјална веб страна


Аделаида меѓународни стипендии

Универзитетот во Аделаида нуди програма за да ги привлече високо квалитетните меѓународни студенти на постдипломски студии на Универзитетот во Аделаида. Стипендиите вклучуваат надоместок за школарина, за живот и здравствено осигурување.

Официјална веб страна


Меѓународни истражувачки стипендии од Универзитетот во Мелбурн

Овие стипендии се доделуваат на странски студенти кои сакаат да студират на постидпломски студии на Универзитетот во Мелбурн. Стипендиите вклучуваат надоместо кза живеење, надоместок за релокација, дополнително породилно отсуство и родителство.

Официјална веб страна

Интернационални стипендии за заслуги на Универзитетот Монаш


Овој универзитет нуди голем број стипендии вклучувајќи и стипендии по заслуга за извонредни меѓународни студенти кои сакаат да продолжат на додипломски и постдипломски студии на овој универзитет.

Официјална веб страна