Популарно средно училиште во кое може да се влезе само со лотарија

Популарно средно училиште во кое може да се влезе само со лотарија

Подготвил: Тамара Гроздановски

uciliste

 

P-Tech (Technology Early College High School) е средно училиште кое на сосем поинаков начин го привлекува вниманието на професорите и учениците низ целиот свет.


Ова училиште во Њујорк го менува образованието на начин на кој добива доста внимание.

Целта на училиштето е 100% завршување на сите ученици и добивање на средношколска диплома која учениците ја добиваат после 6 години посетување на училиштето. Исто така, училиштето на учениците им обезбедува интервјуа за работа во IBM, компанија која е дел од оваа иницијатива. Другите партнери се Њујорк Сити колеџот за технологија и Њујорк Сити одделот за образование.

„Ние ги привлекуваме учениците кои не сакаат да продолжат со нивното образование. Ние сме тука да ви помогнеме да бидете академски посилни и поподготвени на тој начин што имате одлично знаење од средно кое ќе ви биде и тоа како потребно за на факултет“, вели Рашид Ферод Дејвис, основачот на училиштето.

Кој се одлучува да оди во ова средно училиште?

Околу 1.500 ученици аплицирале во ова училиште во 2013 година; од нив имаше место само за 144 - а тие 144 ученици од сите пет реони на Њујорк беа избрани преку лотарија.

Уште од создавањето на ова училиште, голем број слични училишта започнаа да се појавуваат во Њујорк и Чикаго.

Иако училиштето е поинакво од другите - повеќе училишни денови и без летна пауза, сепак ова е одлична можност за побрзо совладување на полето кое учениците сакаат да го усовршат.