Колку изнесуваат просечните плати во најголемите три банки во Македонија?

Колку изнесуваат просечните плати во најголемите три банки во Македонија?



Во Македонија банкар да си! Не вели попусто изреката која добива вредност на народна мудрост. Банките важат за солидни, грижливи и дарежливи работодавци на нивните вработени. Истражувањето на „Фактор“ покажа дека е така.

Затоа што просечната месечна нето плата лани во НЛБ Тутунска банка била 45.900 денари што е повеќе од двапати повеќе од просечната македонска плата.

Вработените на „Комерцијална банка“ се во златна средина на трите најголеми банки во земјава од аспект на просечна плата. Нивната просечна плата е 39.790 денари. Сто евра послабо од Тутунска банка, а 4.400 денари подобро од колегите од Стопанска банка Скопје.

Во „Стопанска банка Скопје“ просекот на нето плата лани бил 35.398 денари односно 10.500 денари помалку од најдарежливата НЛБ Тутунска банка.

Целото истражување можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК