Lynx.press со феноменална герила маркетинг кампања во Македонија
Lynx.press е македонски WordPress плагин со кој сопствениците на блогови и портали можат брзо и едноставно да создадат врвно дизајнирани мобилни апликации за Android и iOS.
Компанијата која стои позади развојот на овој плагин деновиве реализираше интересна и несекојдневна герила маркетинг кампања со користење на Google AdWords, која предизвика големо внимание и симпатии во домашната интернет јавност.
Имено, дечките од Lynx.press со намера да ги таргетираат сопствениците на најпопуларните македонски портали започнаа кампања со која при секое пребарување на името на сајтот или името на сопственикот на некој од порталите во Македонија, се појавува реклама која го повикува оној што пребарува да му препорача на газдата од порталот да си направи свои Android и iOS апликации, брзо и едноставно со користење на споменатиот плагин.
A eве како изгледаше кампањата ако случајно го пребарувавте Трендо:
Со кампањата беа таргетирани сопствениците на најпопуларните 30 македонски веб портали кои се покануваат да го искористат Lynx.Press плагинот и на своите читатели да им обезбедат врвни мобилни апликации за iOS и Android.
Можеме да претпоставиме какви биле реакциите на самите сопственици кога на пример самите си го пребарувале сопственото име на Google :)
Браво дечки, одлична кампања !
Извор:
marketing365.mk