Вработување во My Time

Вработување во My Time

Како најголем и најдобро снабден ланец за продажба на часовници и накит од познати светски брендови, My Time има потреба од проширување на својот продажен персонал. 

Продажен асистент во My Time – Скопје 

Нашите продажни асистенти се тимски играчи кои работејќи во синергија го прават потрошувачкото искуство уникатно и позитивно за крајниот потрошувач. Чесност, култура и способност за учење се карактеристиките со кои се одликуваат вработените во My:Time.

Доколку си личност на возраст од 18-30 години и се сметаш себеси за комуникативна личност која има желба постојано да се развива и да го надградува своето знаење во областа на директната продажба, аплицирај за асистент за продажба во продажните салони на My Time во Скопје, на следниот линк: http://mytime.mk/mk/short-application/prodazen-asistent-skopje