Какво време да очекуваме за време на продолжениот викенд што следува?

Какво време да очекуваме за време на продолжениот викенд што следува?



Во Македонија во петок во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви период. Попладне услови за слаб дожд во крајните северозападни и североисточни предели. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури од 7 до 16 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 25 степени.

Во Скопје во петок во утринските часови услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22.

Во деновите од викендот Македонија ќе биде под влијание на циклон од Медитеранот кој што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат проследени со засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Локално се очекуваат да наврнат од 35 до 50 литри. Максималните температури ќе се движат од 10 до 20 степени во сабота, односно од 11 до 21 степен во недела.

Во понеделник во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Утринските температури од 7 до 16 степени, а максималните дневни од 13 до 23 степени.

Во вторник постудено утро со утрински температури од 4 до 13 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Максималните температури од 15 до 25 степени.

Weather4all.com.mk