Погледнете како ќе изгледа најголемиот туристички град во регионот

Погледнете како ќе изгледа најголемиот туристички град во регионот

Подготвил: Тамара Гроздановски

комплекс

 

На подрачјето на општина Трново, во близина на Сараево, ќе биде изграден најголемиот туристички град во Југоисточна Европа во кој ќе се наоѓаат околу илјада станбени единици, хотели, најголемиот трговски центар во Босна и Херцеговина како и друга потребна инфраструктура, а сето ова ќе даде можност за вработување на голем број на луѓе.


Вредноста на овој проект ќе биде околу 2.3 милијарди евра, а го финансира компанијата „Buroj Property Development“ од Соединетите Арапски Емирати.

Во наредните осум години, работите на ова извонредно градилиште ќе се препушти во рацете на домашни градежни и консултантски фирми.

Погледнете како ќе изгледа овој комплекс во близина на Сараево.