Хип-Хоп ѕвездата Нели основа Институт за музичари и уметници

Хип-Хоп ѕвездата Нели основа Институт за музичари и уметници

Подготвил: Тамара Гроздановски

Некои славни личности нивните хуманитарни дела и работа ги покажуваат пред целиот свет, меѓутоа другите, како на пример раперот Нели, сето тоа го прават тивко и без многу да привлечат внимание.

 

нели


Рап ѕвездата од Сент Луис, Мисури подолго време помага во водењето на програмата наречена Institute by Nelly, дизајнирана да им помогнат на студентите да добијат соодветно образование во одделот на бизнисот и забавата. Меѓутоа Нели, за разлика од другите познати личности, повеќе сака да ги даде под заем неговите ресурси и идеи до институтот, а не неговата слика.

„Преку образованието се обидувам да им помогнам  на децата. Ова е единствениот начин со кој децата треба да излезат од лошите заедници. Да дипломираат. Да добијат знаење. Да се вратат во заедницата и да го водат затоа што тие ги сфаќаат луѓето и ја разбираат сериозноста на ситуацијата“.

Карл Напа, извршниот директор на училиштето и успешен инженер, изјави дека Институтот на Нели е совршениот начин уметниците да се подготват за забавната индустрија.

Тој смета дека еден студент со диплома од Институтот на Нели ќе може да влезе во денешниот пазар кадешто уметниците треба истовремено да бидат претприемачи, да бидат обучени во секој аспект од музичкиот бизнис со неколку предности. Доколку го заврши институтот, ученикот ќе има самодоверба, конекции со музичката инудстрија и материјал кој тој го снимал.

Училиштето било отворено во 2011 година и од тогаш продолжува да расте.