Колку чини студентскиот живот во Лондон?

Колку чини студентскиот живот во Лондон?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лондон е еден од најголемите и највлијателни градови во светот, а со тоа е и еден од најпривлечните градови за студентите. Историски, Лондон играл голема улога во модата, индустријата, финансиите и како културен центар. Тоа е еден од најскапите градови во светот, но и претставува популарно место за живот за професионалци од секоја сфера.


Цената за живот во Лондон зависи од повеќе фактори, но сепак може да се изведе просечна сума кога станува збор за студентскиот живот. Повеќето студенти кои не живеат во Лондон мора да платат за станарина најмалку 4-6 недели претходно.

Студентското сместување е релативно евтино. 800-950 долари месечно би биле сосема доволни за станарина. Важно е и да се наведе дека студентите мора да чекаат за да отворат сметка во банка сè додека не се запишани на факултет.

Едно истражување на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина проценува дека просечниот студент може да живее скромно цела година со 24.000 долари во банка, иако би било изводливо да се живее и само со 18.000 долари. Ова не ги вклучува трошоците за школарина, патување до факултет и материјали за студирање.

Лондон нема специјални региони за студенти, како што би можеле да се најдат во САД, но има студентски дестинации кои се поевтини, како пабови, продавници, библиотеки и кафулиња. Просечната цена за едно пиво во овие продавници изнесува 6 долари. Просечен оброк на вакво место чини од 6 до 10 долари.