Идеи кои наскоро ќе го променат светот

Идеи кои наскоро ќе го променат светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Магазинот BBC објави листа на неколку идеи кои наскоро може да го променат светот во кој живееме денес. Ви нудиме неколку од нив.

 

воИла


Возила на водород

Моментално најголем проблем во целосната реализација на оваа идеја е недостатокот на пумпи. Британската академија за наука и технологија работи на решение кое ќе овозможи две литарска боца водород да движи просечно возило.

Суперсонични возови

 

Компресираниот воздух и индукционите мотор во вакуумирана цевка ќе овозможат суперсоничните возови да се движат со брзина поголема од 1.200 километри на час.


Интернет за сите луѓе на планетата

 

Илон Маск моментално чека дозвола од американската влада за на земјината орбита да испрати 4.000 помали сателити кои би овозможиле интернет пристап до сите луѓе на земјата, дури и оние кои живеат во зафрлени краеви на планетата.


Камиони без возачи


 

Мrecedes-Bez соработува со компанијата Peloton за да произведе камоиони на кои нема да им бидат потребни возачи. Тоа ќе ја намали потрошувачката на гориво, како и другите трошоци.


Гасење на пожар со помош на звук

 

Студентите Сет Робертсон и Виет Тран од Америка создадоа уред кој го гаси пожарот со помош на звук. Ова во иднина би можело да помогне при полесно гаснење на шумскиот пожар, кој во изминатите години беше голем проблем низ многу краеви низ светот.


Движечки апарати за преработка на вода

 

Според податоците од ОН, 780 милиони луѓе моментално немаат пристап до чиста вода. За да се реши проблемот, иноватори од Велика Британија создадоа движечки апарат за преработка на вода.