Над 60 проценти од средношколците во Шкотска

Над 60 проценти од средношколците во Шкотска "паднаа" на оваа задача... Обидете се да ја решите!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Една задача по математика предизвика паника меѓу средношколците во Шкотска. Телото кое меѓу другото, е одговорно за спроведување на стандардни испити во средните училишта во Шкотска доби лавина критика поради оваа задача. Меѓутоа критиките не се оправдани бидејќи задачата може да се реши.

 

задача


Дури две третини од средношколците се побуниле бидејќи задачата била претешка за решавање, а се појавила на стандардизираниот тест за средношколци, кој доколку се положи гарантира прием на било кој универзитет.

Од 107 илјади средношколци, смо 34% од нив ја решиле задачата по математика, а гласи: T(x)=5sqrt(36+x^2) + 4(20-x)

Станува збор за пресметување на минималното време потребно на крокодилот да ја премине оддалеченоста од 20 метри од езерото до зебрата, кадешто непознатата „х“ е оддалеченоста која крокодилот мора да ја премине низ водата.

Шкотските средношколци уште од 60-тите години на 20-от век немале толку лоши резултати по математика, вели Џим Рид, еден од подготвувачите на прашањата од математичкиот испит од 2012 година.

На YouTube се појави видео со решението.