Оглас за вработување во КАМ во повеќе градови низ Македонија

Оглас за вработување во КАМ во повеќе градови низ Македонија

КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 59 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.

Поради отварање на нови маркети и зголемен обем на работа, имаме потреба од кандидати за новотоворени работни места во Штип, Кочани, Струмица и Гевгелија


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

• ССС (средно образование)
• Работно искуство минимум 1 година, пожелно во областа (продажба).
• Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност.
• Стабилна личност на која можат да и се довери пристап до пари.
• Одлични интерперсонални и комуникациски способности и добар однос со купувачи.

ОСНОВНА ДЕФИНИЦИЈА И ЦЕЛ

•    Со точно куцање на каса, работникот треба да обезбеди точна состојба, ниски кусоци, поголема ефективност во работењето и позадоволни купувачи.
•    Со својот позитивен однос кон купувачите и познавање на артиклите, потребно е да ги задржи постојните и да привлече нови муштерии.
•    Работникот потребно е постојано да ја одржува исправноста на производите, нивното позиционирање, редот и хигената во маркетот.
•    Солидарен однос и тимска работа со колегите во маркетот и секторот.

А. Каса
•    Точно куцање на производи на каса, наплата и целосно функционирање на касата, согласно важечките правила на работодавачот и сите законски прописи.
•    Одговара за касата, издадените фискални сметки, прометот, грешките на каса за време на својата смена.
•    Одговара за штетата која ке произлезе од неговото директно работење (кусок, неиздавање на фискални сметки согласно закон, неводење на потребни евиденции, неточна каса, доцнење и други кршења на законски или интерни правили и процедури).

Б. Маркет, Хигиена, Позиционирање

•    Постојано одржување на хигената на своето работно место (каса), во маркетот, опремата и околината
•    Спроведување на задачите согласно ХАСАП стандардите
•    Редење на производи на рафт, согласно правилата за позиционирање на КАМ
•    Одржување на редот во маркетот согласно АБЦ листата (во прилог)
•    Одговара целосно за производите (рокови, уредност и сл.) на дел од рафтовите за кои тој е одговорен

В. Купувачи
•    Кон купувачите потребно е да се однесува љубезно и учтиво, да ги советува за производите и др. прашања.
•    Потребно е да ги познава сите артикли по име, грамажа, основни карактеристики, цена.
•    За својата работа директно му одговара на раководителот на маркетот.

Г. Друго
•    Обезбедува примена на сите (квалитативни и сигурносни) стандарди во работењето на маркетот, согласно важечките закони и правилата и нормите на компанијата.
•    Ги извршува сите други работи од делокруг на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на претпоставениот или Работодавачот.

Пријавување на vrabotuvanje@kam.com.mk