Типови на луѓе кои сигурно не ги сакате како цимери

Типови на луѓе кои сигурно не ги сакате како цимери

Подготвил: Тамара Гроздановски

Доколку сте обожаватели на сериите „Friends“ или „How I met your mother“, тогаш жал ни е, но мора да ја уништиме вашата визија за тоа дека животот со цимери е бајка преполна со забава, алкохол и секс.

 

cimer


Луѓето, особено студентите знаат да бидат ужасни. Затоа, добро би било да внимавате со кого избирате да живеете и обрнете внимание на суровата реалност на делењето на вц-то.

Кога ќе помине „медениот месец“ на цимерски живот, започнува реалноста - грчење, лоши навики и разни работи кои ќе ви газат на живци. Тоа значи дека започнува пеколот - и буквално и фигуративно. Затоа, добро би било да внимавате со кого избирате да живеете. Ви ги нудиме најчестите типови на цимери со кои ќе се сретнете.

Најдобар/ра другар/ка


Личноста која ја познавате уште од пелени. Оваа личност знае скоро се` за вас, а и вие за неа. Она што ново, е да се впуштите во новата авантура на заедничко живеење. Нема што да се изненадувате, ги знаете сите работи за него/неа, си ветувате дека ќе бидете толерантни, и ќе си бидете меѓусебна поддршка и ќе ви биде одлично.

И така и ќе биде. Се` додека некој/а од вас не се заљуби. Или пак на факултет нема да му/и` оди па ќе започне да се жали за прегласната музика на која некогаш заедно сте се пијанеле и играле. Секогаш нешто се случува.

Секс бомба


Научно е докажано дека мирисот ги уништува сексуалните желби и апетити, па ако просто математички соберете два плус два, ќе пресметате дека шансите со личноста од спротивниот пол, со која делите неколку квадрати, се повеќе од пристојни. Ќе бидете ептен заљубени на почеток, се` ќе биде супер некое време. Она што е сигурно е дека постојат големи шанси да се скарате, па некој ќе мора да се исели од станот.

На англиски постои една поговорка: „Don't shit where you eat“. Појасно од ова, амин!

Случаен цимер

Животен сопатник на релација кревет - купатило во наредните неколку години, а претходно никогаш не сте се запознале. Чиста лотарија.

На списокот на чудаци со кои можете да завршите му нема крај, но вие одлучувате како ќе се справите со овој чудак во вашата соба. Можеби вашиот чудак не излегува никаде и се плашите дека ќе остани во собата и кога ќе дипломирате и ќе започнете да се преселувате.

Добрата работа кај овие цимери е тоа што можете да избирате.

„Контрол фрик“

 

2


Доаѓа во сите форми и облици, а кога ќе дојде, руши се` пред себе. Всушност, ова е најдобрата верзија - уште при самото влегување ќе ви каже дека треба да ја преместите ламбата бидејќи многу ви е налево. Или ќе ви каже дека наутро планира да стане во 7.20 и прв/а да се истушира бидејќи ќе мора да излегува.

Најлошите се оние скриените, маскираните. Најчесто се насмеани и ведри, ќе ве сослушаат, ќе климаат со главата и ќе ве гледаат со многу разбирање. А тогаш за нејзиниот/неговиот роденден ќе и`/му спремите изненадување и ќе се обидете да ја/го изненадите. А тој/таа ќе ви се развика. Ќе ви каже дека така не можете да се однесувате, дека е зафатен/а и дека нема време за никакво славење на полноќ - забавата е закажана за утре.

Уништувач на забави


На некој начин, ова е поткатегорија на случаен цимер, но не мора и да значи. Некои од најдобрите цимери во светот после некое време се претвораат во уништувачи на забави.

Најекстремниот случај на овој вид се оние кои ќе ја игнорираат вашата забава и ќе си одат во собата, а во два часот наутро ќе ви викнат полиција. Сепак, ова е екстремна категорија бидејќи постојат и поблаги, но еднакво иритантни. Тие ќе ве прашуваат се`, за се`, премногу и пречесто. Ќе ви досадуваат, ќе сакаат секаде да одат со вас.

Неорганизирани луѓе во еден стан

 

cimeri


Постојано забави! После недела дена нема да се знае ништо, а садовите за миење само ќе се натрупуваат. Осмиот ден целиот стан ќе биде во неред. Никој нема да биде мотивиран за акција - сите ќе избегнуваат и ќе велат дека не е нивниот ред.

Цимери со сомнителен мирис


Не мислиме на тоа дека нема да ви се допадне парфемот кој го користат, туку на оној ужасен мирис на пот. Тогаш воопшто не е важно кој парфем го користи бидејќи секој од нив ќе биде замешан со пот.

Форсираните разговори за омекнувачи, дезодоранси, стикови и се` останато обично не помагаат.