Златните правила на успех во животот и кариерата според Стив Џобс

Златните правила на успех во животот и кариерата според Стив Џобс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Инспирирајте се со мислите и поуките на харизматичниот компјутерски генијалец и визионер кој со своите креативни идеи постигна огромен успех.

 

стив


Стив Џобс, еден од ко-основачите на Apple Computers, со своите иновативни бизнис достигнувања и визионерски мисли стана еден од најистакнатите припадници на генерацијата која го промени светот во кој живееме денес.

Освен по неговите визионерски идеи во светот на технологијата и неверојатната харизма, Стив Џобс стана и познат како човек со неограничена количина на позитивна енергија од која излегоа голем број брилијантни и интелигентни мисли. Ви донесуваме неколку негови одлични мисли и поуки.

Неговите златни лекции можат да ви помогнат побрзо и полесно да ги реализирате животните цели, да постигнете успех во животот и да изградите иновативен бизнис стил со сопствен потпис.

„Претераното гледање на телевизија е штетно за менталното здравје бидејќи ги отупува сетилата“

Претераното гледање на телевизија е штетно за менталното здравје, манипулира со умот и поттикнува расипнички дух. Исклучете го телевизорот и започнете да го поттикнувате мозокот со интелигентен и остроумен разговор со паметен соговорник.

„Целата моја технологија би ја менувал за еден разговор со Сократ“

За Сократ вели дека ја донел филозофијата во животот на обичните луѓе. Доколку ги примените Сократовите принципи во животот и работата тогаш би живееле доста добар живот.

„Не заборавајте дека врз вашите животни цели паѓа прашина додека вие безгрижно го пиете кафето“

Ова значи дека треба да тргнете во акција затоа што ситем сме родени со посебен дар кој треба да го развиваме како и да дознаеме која е целта на нашето постоење.

„На грешките гледајте како на предупредување, а не како на знаци за сопствените недостатоци“

Стив Џобс во текот на кариерата имал и подеми и падови - во една година изгубил четврт милијарда долари. Ова докажува дека и успешните луѓе грешат, но реагираат на грешките и го менуваат својот живот и начинот на работење, Успешни се токму затоа што учат од грешките и од важните лекции за следниот пат да го направат нештото онака како што треба.