Германија објави конкурс во Словенија - бара 9.000 чувари со плата од 1.700 евра

Германија објави конкурс во Словенија - бара 9.000 чувари со плата од 1.700 евра

Подготвил: Тамара Гроздановски

германија

 

Поради зголемувањето на бројот на бегалците, Германците во моментов бараат околу 9.000 нови чувари, а услов за добивање на работата е минимум основно образование и возраст од 19 до 60 години.


Германската компанија за безбедност „Pond“, која се грижи за одржувањето на редот во центрите за мигранти и бегалци, во Словенија објави оглас за вработување во кој бара неодреден број на вработени со месечно нето плата од 1.700 евра.

Од словенечката Агенција за вработување велат дека досега добиле 50-тина пријави, не само од професионални чувари и луѓе со полициско искуство, туку и од волонтери и активисти кои неодамна им помогнале на бегалците при преминот од Хрватска во Словенија во првиот бран на бегалци.

Разговорите со претставниците на работодавците се прават во Љубљана и Марибор, а големиот интерес е разбирлив со оглед дека во Словенија, има околу 6.000 чувари кои се слабо платени, а повеќето од нив заработуваат околу 700 евра.

Германците проади се` поголемиот број на бегалци во моментот бара 9.000 чувари, а услов за добивање на работата е минимално основно образование и возраст од 19 до 60 години, наведуваат словенечките медиуми, со оценка дека тоа е знак дека Германија нема брзо да ги затвори границите за мигрантите.

Словенскиот премиер Миро Церар минатата недела изјави дека не очекува Германија наскоро да ги затвори границите за мигранти и бегалци. Засега Љубљана со големо внимание ја следи состојбата на теренот во регионот, особено опасноста својата граница со Хрватска за мигрантите да ја затвори Унгарија, во кој случај бранот на мигрантите ќе се насочи кон хрватско-словенечката граница.