Оглас за вработување во Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања

Оглас за вработување во Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања

Врз основа на член 135, став 1 од Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015 и 98/2015 и 145/2015) и член 34, став 2 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, научни, наставно- стручни и соработнички звања и асистенти- докторанти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (Универзитетски гласник бр. 138/09, 140/09, 173/11, 194/11, 250/2013 и 274/2013), постапувајќи по Решението Ип1 бр. 091470 од 20. 8. 2015 година на Државниот просветен инспекторат, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, по предлог на директорот на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања во Скопје, повторно распишува

КОНКУРС


за избор на еден наставник во сите наставно- научни звања во наставнонаучната област:  менаџмент на знаење, која спаѓа во подрачјето- општествени науки, поле- организациони науки и управување (менаџмент), област (дисциплина) на истражување- друго), согласно Класификацијата на научни области, полиња и гранки на истражување, усогласена со стандардите на OECD и UNESKO (Сл. весник на РМ бр. 52/2010, 169/2010 и 91/2012).

Услови: Кандидатите, покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование, Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, научни, наставно- стручни и соработнички звања и асистенти- докторанти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и другите акти на Универзитетот.

Со пријавата кандидатите треба да поднесат: куса биографија, докази за исполнетост на општите и посебните услови, уверение за државјанство. Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето. Документите се доставуваат на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања во Скопје, бул. Партизански одреди бб, 1000 Скопје, П. фах 435. Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје