Оглас за вработување во МНАВ (Македонска навигација)

Оглас за вработување во МНАВ (Македонска навигација)

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни- текст Сл. весник 167/2015  член 5 и 8 од Колективниот договор на „МНАВ" АД Скопје, Правилникот за систематизација на работни места во „МНАВ" АД Скопје, добиената Согласност од Министерството за финансии на РМ 6р. 1814297/2 ОД 05. 10. 2015 год. и Одлуката на Управниот одбор на „МНАВ" АД Скопје бр. 021121/4 од 28. 09. 2015 год. „МНАВ" АД Скопје објавува  За потреба од вработување на работник на неопределено работно време за следното работно место:

1. Советник за односи со јавноста- 1 (еден) извршител

Кандидатот покрај пријавата за вработување и кратката биографија (CV) треба да достави доказ за исполнување на општите услови и тоа:
- извод од матична книга на родените;
- уверение за државјанство;
- уверение дека не е осудуван, да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Покрај општите услови кандидатот треба да ги исполни и посебните услови:
- Кандидатот за работно место под реден број 1 треба да има завршено ВСС- VII (седми) степен- или со 240 EKTС- Општествени науки и најмалку 2 години работно искуство.
Кандидатот треба да достават диплома или уверение за завршен факултет (оргинал или копија заверена на нотар) и потврда за работно искуство (листа од ПИОМ). Исто така треба да имаат познавање на англиски јазик и владеење на посебни вештини- работа на компјутер.

Работни часови во текот на неделата е 40, работниот ден трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30 до 15:30 часот, работни денови од понеделник до петок. Основна нето плата за кандидатот за работно место под реден број 1 е: 41.273, 00 денари.

Документите да се достават во оригинал или копија заверена на нотар, во просториите на „МНАВ" АД Скопје на адреса Плоштад Македонија бб (поранешна зграда на Метропол). Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Огласот трае 5 работни денови од денот на неговото објавување во јавните гласила. Во рок од 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидати, ќе биде извршен избор. „МНАВ" АД Скопје