Рекламата за гума за џвакање што го расплака светот

Рекламата за гума за џвакање што го расплака светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Рекламите се прават по маркетиншки рецепт за произведувачите да го привлечат клиентот да го купи нивниот производ, па знаат дека доколку предизвикаат одредена емоција, тогаш по некое правило, клиентот ќе посегне по нивниот производ.

 

реклама


Минатата недела на YouTube се појави реклама за гума за џвакање, која предизвика лавина емоции на социјалните мрежи. Рекламата ја следи романтичната љубовна приказна на едно момче и девојка.

За само неколку дена рекламата е прегледана повеќе од 3 милиони пати на YouTube, а на социјалните мрежи ја споделија и голем број познати личности.

 

Бидете подготвени и земете си шамивче бидејќи голема е веројатноста да реагирате како повеќето корисници на социјалните мрежи.