Истражување од Кембриџ: Што гледате на сликата?

Истражување од Кембриџ: Што гледате на сликата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Научниците од универзитетите во Кардиф и Кембриџ се обиделе да ја објаснат причината за халуцинациите, кои честопати се поврзуваат со психолошки состојби. Сликите или звуците кои не постојат во реалноста се навики на мозокот да предвидува нешто што би можело да му се случи, покажува нивното истражување.

Што гледате на сликата? Дали препознавате личност?


Некои луѓе со ментални болести може да изгубат контакт со реалноста и да гледаат и чувствуваат работи кои не постојат, односно да халуцинираат. Меѓутоа, халуцинациите се појавуваат кај сите луѓе.

- Многу е корисно да се има мозок кој предвидува ситуации, тоа нè прави поефикасни и повешти во создавањето разбирлива слика од комплексниот свет - изјавил професорот Пол Флечер од Универзитетот во Кембриџ.

Тој додава дека во текот на изминатите години дошле до заклучок дека перцептивните искуства како халуцинациите, кои се појавуваат без причина, не се ограничени само на луѓе со ментални болести.

- Многумина од нас виделе работи кои впрочем не постојат - вели тој.

Во текот на истражувањето, 18 психички пациенти и 16 ментално здрави луѓе гледале во црно-белата слика и се обидувале да ја поврзат со личност. Потоа им била покажана фотографијата во боја од која била направена апстрактната црно-бела слика.

Лица кои покажувале рани знаци на психоза подобро можеле да ја воочат личноста на фотографијата, за разлика од останатите.