Прогноза на времето за викендот што следува

Прогноза на времето за викендот што следува



Во утринските часови услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито, но во северозападните и западните предели во попладневните часови се очекува продор на влажна воздушна маса која ќе услови слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.

Во утринските часови појава на слаба магла. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни часови постојат услови за слаб локален дожд. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 21.

Во сабота во утринските часови појава на магла, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди.

Утринските температури од 6 до 15 степени, а максималните дневни од 14 до 23 степение. Во недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со максимални температури од 15 до 24 степени. Во понеделник претпладне претежно сончево, доцна попладне нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури од 4 до 13 степени, а максималните дневни ќе се движат од 15 до 24 степени. Во вторник умерено облачно со врнежи од дожд и пад на температурте, максималните ќе се движат од 9 до 18 степени.

Weather4all.com.mk