Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува во наредните денови?

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува во наредните денови?

Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла и намалена видливост помала од 100 метри и која понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 25 степени.

Во Скопје во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла која ќе се задржи и претпладне, попладне се очекуваат повремени сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 23 степени.

Во вторник ќе биде умерено облачно, во попладневните часови се очекува продор на влажна воздушна маса од север која ќе донесе врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 22 степени. Во среда ќе биде претежно облачно, а во југозападните предели се очекуваат врнежи од дожд. Максималните дневни температури од 13 до 20 степени. Во четврток ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд и постудено. Максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 18 степени.

Weather4all.com.mk