Оглас за вработување во Реплек Фарм
Друштвото за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, бара да назначи извршител за позицијата: КОМЕРЦИЈАЛЕН ДИРЕКТОР Сектор Комерција (1 извршител)
-работно искуство од 8 години во областа на фармацијата работно искуство од 6 години на раководна функција
-Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци со можност за продолжување
Кандидат треба да има:
Завршено високо образование- Фармацевтски или Медицински факултет
Мотивација за работа во високо конкурентна средина
Одлични способности за комуникација и за тимска работа
Професионалност во работењето
Одлично познавање на англиски јазик во пишана и говорна форма
Познавање на работа на компјутер
Да поседува возачка дозвола- Б категорија
Работното време е во една смена од 08, 00- 16, 00 часот, Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа. Компанијата нуди работно место во висина на плата од 64. 700, 00 денари.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате бараните усливи за позицијата, Ве молиме да ги доставите следните документи: Кратка биографија ЦВ со Ваш контакт телефон Фотокопија од диплома Доказ за работно искуство (листа за стаж од ПИОМ) на следната адреса РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје Ул. Козле 188- 1000 Скопје, Огласот трае до 26. 10. 2015 година. Изборот се врши по пат на лично интервју и тестирање. Контакттелефон (02)3088780.