АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА- СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 1 67/201 5) и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 046517/1 од 19. 10. 2015 година АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА- СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС
За потреба од засновање на работен однос во Подружница Енергетика Скопје, АД ЕЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:
1 (еден) извршител за работно место „Одржувач„, во Одделението за ХПВ, во Служба за производство
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: III/IV степен, средно унилиште во занимање или средно училиште.
Паричниот износ на основната плата е 22. 539 денари. Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:00 часот до 15:00 часот.
Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.
Со пријавата (своерачна пријава) кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија на македонски јазик;
- Контакт телефон.
Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување. Пријавата со потребните документи, од кои се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса: Дирекција, АД Електрани на МакедонијаСкопје, ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас, АД EЛEM СКОПЈЕ