Оглас за вработување во Нептун

Оглас за вработување во Нептун

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

Поради зголемениот обем на работа, распишува оглас за вработување на:

РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН СО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВНИ ЕДИНИЦИ
Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

    ВСС;
    Минимум 2 години искуство на раководна позиција во магацин;
    Добро познавање на меѓународните стандарди и на македонската регулатива поврзани со магацнското работење и со безбедност и здравје при работа;
    Одлично познавање на MS Office програмите, особено на програми за анализа на податоци како Excel
    Познавање на стандардните практики за водење на инвентар;
    Искуство со работа со финансиски документи (приeмница, фактура, испратница итн..);  
    Способност за реорганизација по потреба на изгледот на магацинскиот простор со цел подобрување на ефикасноста и точноста на инвентарот;
    Силни меѓучовечки и комуникациски вештини и способности;
    Искуство во компанија која се бави со малопродажба ќе се смета за предност.


Одговорности и работни задачи:

    Целокупно следење и координирање на работата во магацинот;
    Организација и контрола на прием и испраќање на стоки и водење на веродостојна евиденција;
    Водење на евиденција на залиха на стока, известување за состојбата на залихите;
    Препорачување на алатки, опрема, методи и распоред на просторот со цел да се подобри работата, протокот на стоката, продуктивноста;
    Проценување на достапноста на просторот кој треба да се оспособи за складирање;
    Бележење на инвентар од продукти и други предмети примени за складирање;
    Организирање на доставата на роба до продавнциите, како и до коминтентите;
    Комуникација со сите деловни единици, како и со клиенти;
    Комуникација со јавните царински складишта  и контрола на документите за робата која се пренесува од царинските складишта до главниот магацин;
    Контрола и попис на робата во главниот магацин, по физички пат или преку компјутерскиот систем за следење на истата;
    Одржување на магацинскиот персонал преку советување, обучување и дисциплинирање, како и планирање, мониторирање и известување за резултатите од работата;
    Возачка дозвола - Б категорија.


Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за Раководител на магацин“.

Огласот е активен до 31.10.2015 година.

Општи правила за аплицирање:

    Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
    Назнака на позицијата за која се аплицира


Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.