Пораката од

Пораката од "Facebook" која не сакате да ја добиете

Подготвил: Драгана Петрушевска


„Facebook“ сега ветува експлицитно известување во случај да открие шпиони кои хакирале нечиј профил. Од денес, корисниците ќе добиваат пораки во кои ќе бидат известени дека компанијата смета дека профилот можеби е цел на напад од хакери платени од владата доколку компанијата навистина го забележи тоа.

Алекс Стамос, менаџерот за безбедност во компанијата, коментирал дека новата карактеристика е додадена бидејќи компанијата отсекогаш се грижела за безбедноста на корисниците и иако и порано преземале мерки во случаи кадешто забележиле слична активност, отсега ќе испраќаат дополнително предупредување.

„Ова го правиме бидејќи овие напади најчесто се понапредни и поопасни од останатите и ги охрабруваме корисниците да преземат акција да се обезбедат на своите профили“, пишува Стамос.

Засега, ова ќе функционира само во САД.