Урнебесни одговори на често поставуваното прашање: Зошто не можете да ја видите страната која сте ја барале?

Урнебесни одговори на често поставуваното прашање: Зошто не можете да ја видите страната која сте ја барале?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Познатата страна „Financial times“ на доста духовит начин создаде нова страна за своето интернет издание која се прикажува кога бараната страна не е достапна.

 

страна


Таканаречената „error 404“ страна - грешка која се прикажува кога бараната страна не е пронајдена, е честа можност на компаниите да покажат знаци на хумор и иновативност, а „Financial times“ кон овој проблем пристапи организирано и плански, па на тој начин изработи доста креативна верзија на страната „error 404“.

Хумотор бара одредени минимални познавања на економските теории, но повеќето луѓе се сретнале со овие поими во текот на нивното средно образование и тие често се наоѓаат во дневните печатени медиуми. Станува збор за можни причини зошто бараната страна не е пронајдена, со објаснувања преку призмата на познатите економски теории.

Зошто страната не е пронајдена?

Општа економија - Немаше пазар за неа.

Класична економија
- Нема страна. Нема да се мешаме во тоа.

Марксизам -
Ова страна не се вчитува поради инхерентни контрадикции во капиталистичкиот начин на производство.

Лесе Фер капитализам - Знаеме дека страната е потребна, но не можеме да ја присилиме да и` се појави на некој.

Модернизам - Државата го ограничи на бројот на страни во оптек.

Хипотеза на ефикасни пазари -
Да платевте доволно за оваа страна, таа ќе се појавеше.

Морална опасност -
Кога би ви ја покажале оваа страна, тоа само би ве поттикнало да сакате уште страни.

Трагедија на заедницата -
Премногу луѓе се обидоа да ја погледнат оваа страна.

Теорија на играта - Со тоа што не ја гледате оваа страна им помагате на сите други да добијат подобри страни.

Меркантилизам - Оваа страна се наоѓа на странски сервер,  и со тоа ја забранивме за да се осигураме превласт на сопствената програма.

Преливање на добивка -
Преголемите даноци на издавачите спречија да се вработи личност која би ја изработила оваа страна.

Социјализам - За да ја добиете страната која ја сакате, можеби би добиле страна од некој друг, што не би било фер. Барем вака никој не добива ништо.

Бихевиорална економија
- Влијанието на психолошките фактори ве тераат да се однесувате на начин на кој не би се очекувало од целосно рационална странка.

Стапици за ликвидност - Вложивме екстра пари во технолошкиот тим, но би имало малку интерес па го задржаа и не ја поттикнаа економијата на страната.

Теорија за втор најдобар - Најдобриот исход не беше достапен, па затоа моравте да завршите на оваа страна.

Кејнзијанска економија -
Вкупната побарувачка за оваа страна не е неопходно еднаква со капацитетот на производството на оваа страна.

Стагфлација - Цената на страната драстично порасна, додека нивото на производство се намали.

Шпекулативен балон
- Всушност, оваа страна никогаш не постоеше и беше фундаментално невозоможна, но сите и` се восхитуваа и сега се` заврши во солзи.