Зборовите кои не смеете да ги кажете доколку сте ученик во Велика Британија

Зборовите кои не смеете да ги кажете доколку сте ученик во Велика Британија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Наставниците во Велика Британија составија водичи со зборови кои се забранети од користење на сите места кадешто учат и играат учениците. Засега, зборовите ќе бидат забранети во некои училишта за време на пробен период.


Во изборот на зборовите биле вклучени искусни наставници чија цел била вклучување на девојчињата во повеќе науки кои се сметаат за „машки“. Соодветно, забранетите зборови и фрази се однесуваат на половата дискриминација.

Меѓу другото, забрането е момчињата да се нарекуваат „слабаци“, на девојчињата да им се наредува „да направат сендвич“, наставниците да им кажуваат на момчињата „да не се однесуваат како девојчиња“ и девојчињата кои сакаат „машки“ предмети да не се нарекуваат „лезбејки“.