Фото: SEDC прослави 5 години успешно работење!

Фото: SEDC прослави 5 години успешно работење!

Вчера, во присуство на голем број дипломирани и нови студенти, бизнис соработници, медиуми, координатори, тренери, партнери и поддржувачи на Академиите и Бизнис симулаторот, Seavus Едукативниот и Развоен Центар (SEDC) одбележа 5 години од своето успешно работење. Сосем очекувано за SEDC, вечерта помина во одлична атмосфера, супер забава и многу изненадувања за гостите. Покрај одбележување на 5-тиот роденден, на настанот се доделија дипломите за завршени студии на студентите од генерацијата 2014/2015, се прогласија најдобрите студенти од секоја академија, а воедно се прослави и почетокот на новата академска година.



Во текот на овие 5 години, Seavus Едукативниот и Развоен Центар внесе вистинско освежување на пазарот на специјализирани ИТ и бизнис обуки, при тоа приближувајќи го своето работење до светските стандарди и трендови.



Денес, Академиите на SEDC се синоним за врвен и препознатлив производ, поради примената на модерна методологија која вклучува напредни форми на учење, интерактивна настава и практична работа на реални проекти реализирани во партнерство со водечки домашни компании. Успесите треба да се прослават, а SEDC за таа цел на сите свои гости, како и секојпат, им приреди уште една незаборавна забава.