Коцка создадена од секој елемент кој може да се собере на Земјата

Коцка создадена од секој елемент кој може да се собере на Земјата

Подготвил: Тамара Гроздановски

1

 

Постојат 118 елементи кои и` се познати на науката, а 62 од нив се компресирани во една тежина колку хартијата. Оваа коцка наречена „The Element Cube“ е рекордна легура создадена од британскиот дизајнер Цилиајн МекМин за која тврди дека е создаден од секој хемиски елемент на Земјата кој може да биде собран.

 

1


Проектот започна на Kickstarter, и е финансиран повеќе од пет пати. Неговите поддржувачи можат да вложат 76 или повеќе долари за да добијат коцка од 5 сантиметри. За само 30 долари можете да ја добиете легурата во вид на накит, со што ќе можете да се пофалите дека во вашиот накит се наоѓаат дури 62 хемиски елементи.

Од големата листа на метали, коцката содржи платина, железо, злато, титаниум и циркониум. Нормално, радиоактивните елементи како плутониумот се изоставени. Коцките се создадени со намалување на 62 елементи во форма на прав и преку нивно заедничко притискање во различни форми - процес кој се нарекува металургија на прав.

 

2

3


Доколку се прашувате кој би бил заинтересиран за ваков предмет, се чини дека собирањето на елементи е легитимно хоби. За некој чијашто животна жел е да собере колку што може повеќе примероци од елементи, оваа коцка и тоа како ќе им помогне да ја исполнат целта - за само 76 долари.